Синоќа реновираната сала за проекции на „Вардар филм“ ги пречека првите посетители кои во рамките на прослава на јубилејот на оваа институција имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Фросина“.

Директорот на „Вардар филм“, Сани Саиди со кусо обраќање свечено ја отвори салата, која речиси 20 години не беше во функција.

Проекцијата на првиот македонски филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а во продукција на Вардар филм, е првата активност со која почнува одбележувањето на јубилејот на институцијата, по која ќе следува отворена недела за посетителите, како и проекцијата на документарен филм изработен специјално за овој јубилеј.

Сите заинтересирани што не беа во можност синоќа да присуствуваат на отворањето на салата, ќе можат тоа да го направат секој петок додека траат проекциите за одбележување на јубилејот, информираат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.