Во петок (9 септември), со отворањето на изложбата на плакати по повод 25 години Скопје филм фестивал (СФФ) во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот и потоа во 20 часот со проекцијата на канскиот победник „Триаголник на тагата“ започнува јубилејното 25 –то издание на фестивалот.

Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја поканувам нашата публика во петок и во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј. Од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше Скопје филм фестивал и ние заедно со него, како и одбележувањето на 50-годишнината на серијалот „Кум“на Френсис Форд Копола, програма реализирана во соработка со Кинотека на Македонија“, вели Татјана Јаневска, директорка на Скопје филм фестивал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.