Од денес, со одлука на директорот на МКЦ Арбен Шаќири, институцијата повеќе не може да ги извршува своите дејности поради отпуштање на 30 лица кои хонорарно биле ангажирани, некои и со повеќегодишни договори, а повеќе нема да се организираат настани се до завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација, велат за „Република“ извори од МКЦ.

Oдлуката е базирана врз писмо со препорака доставено до МКЦ од страна на Комисијата за спречување на корупција во која се вели дека во тек на изборниот процес не смее да се склучуваат договори со кои би се злоупотребиле буџетски средства.

Во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход, објаснуваат тие.

Исто така, од денес во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, додека киното „Милениум“ ќе работи со преполовена дејност.

Одлуката, која ја донел директорот, е едострана и неоснована, уште повеќе штетна за институцијата која ако не работи во наредните неколку месеци, ќе се нанесе непоправлива штета на долг рок, велат нашите соговорници.

МКЦ досега се соочил со мноштво изборни процеси во кои биле ангажирале лица согласно законските насоки. Дополнително, институцијата во 2023 е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови продуцирани во толку краток период.

Арбен Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари 2024 година со одлука на Градоначалничката на Градот Скопје после неколку неуспешни обиди. Претходниот в.д директор на МКЦ, Никола Алексов во два наврати се докажа дека е незаконски назначен како вршител на должност, како одлука Управниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.