Вечерва, во Europe House Скопје со почеток во 19:30 часот повторно ќе биде активиран читачкиот клуб.
Првата средба ќе ја почнеме со Лидија Димковска и нејзиниот роман Единствен матичен број што неодамна ја доби престижната награда Роман на годината во организација на Фондацијата Славко Јаневски. Единствен матичен број е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. Во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.
Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ‘чудо за три дена’ и за нив треба да се разговара и дискутира. Затоа ве покануваме да ни се придружите на оваа средба без оглед дали сте го прочитале романот или не.
Ви го најавуваме и новиот модератор на читачкиот клуб, Александар Маџаровски – Читачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.