Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.
Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.
Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.
Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска.
За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски.
фото: фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.