В среда, на 27 ноември во Чифте амам во Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и Маја Неделкоска – Брзанова, директорка на Националната галерија.

Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.