Со вечерашната изведба на величествената „Аида“ од Џузепе Верди со која што традиционално ќе се затвори 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет (НОБ). Билетите за претставата се распродадени.
Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта, велат од НОБ.
Ќе диригира Италијанецот Роберто Џанол, а настапуваат Марија Јелиќ (Србија), Валтер Фракаро (Италија), Сања Анастасиа (Србија), Игор Дурловски, Александар Стефаноски, Нико Исаков (Бугарија), Катерина Стојановска и Марјан Николовски. Балетски солист е Ивана Коцевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.