Во Музејот на македонската борба утре (среда, 15 март) со почеток во 19 часот ќе се одржи концертот под наслов „Слободна среда“ концерт бр.2.
1. В. А. Моцарт – „Дует во огледало“ (G-dur)
исполнуваат: Јулијана Огњанова – виолина и Ива Бабуновска – виолина (VII и VI одд.)
ООМУ ”Стефан Гајдов” Велес
класа: проф. Елена Ѓоргиевска
2. Ф. Крајслер – „Љубовни маки“
исполнуваат: Јана Јовиќ – виолина и Давид Павиќ – пијано (III год.)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
класа: проф. Милена Тодоровска-Мургоски; проф. Елена Костовска
3. Ј. С. Бах – Суита за виолончело бр.1
– Прелудиум
– Менует I, II
исполнува: Александар Ицковски – виолончело (I год.)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
класа: проф. Александра Јаневска
4. М. де Фаја – Jota from Spanish Folk Song Suite
исполнува: Илија Јовчев – виолина (II год.)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
класа: проф. Јелена Туфекчиевска
пијано: проф. Весна Ангелова-Христов
5. Ш. Бериот – Концерт за виолина и оркестар бр.7 (G-dur), I став
Ф. Крајслер – La Gitana
исполнува: Божана Гошева – виолина (II год.)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
класа: проф. Јелена Туфекчиевска
пијано: проф. Весна Ангелова – Христов
6. Г. Касадо – Requiebros
исполнува: Mагдалена Дрмач – виолончело (III год.)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
класа: проф. Александра Јаневска
пијано: проф. Благовесна Булоска
7. Т. Витали – Чакона
исполнува: Бојана Митковска – виолина (II год.)
Факултет за музичка уметност – Скопје
класа: проф. Олег Кондратенко
пијано: Тамара Коминовска
8. Д. Шостакович – 5 пиеси за две виолини и пијано (аранжман за виолина, виола и пијано)
исполнуваат: Јаков Ангелов – виолина
Леона Кондратенко – виола
Горјан Стојановски – пијано
9. Ж. Мартини – Plaisir d’amour
Л. Монтаг – „Екстреми“
исполнува: Ивона Давидовска – контрабас (III год.)
Факултет за музичка уметност – Скопје
класа: проф. Александар Поп-Христов
пијано: проф. Јасна Аврамовска
10. Х. Виењавски – Концертна полонеза оп.4, бр.1 (D-dur)
исполнува: Јаков Ангелов – виолина (I год.)
Факултет за музичка уметност – Скопје
класа: проф. Олег Кондратенко
пијано: проф. Иван Трајковски
Четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“ започнува на 1 март во Музејот на македонската борба.
Со почеток во 19 часот, а во организација на Музичка младина на Македонија (МММ), серијата концерти ќе продолжат и на 15, 22 и 29 март, како и на 5 и 12 април. Сите концерти ќе започнуваат во 19 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители.
Според програмата од оваа година се планирани шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 музичари, на возраст од 10 до 30 години, од повеќе градови во земјава.
Платформата „Слободна среда“ претставува циклус концерти на кои настапуваат повеќе музичари или состави од музичари – инструментални и вокално- инструментални – кои се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува тоа што секоја следна година заинтересираноста кај младите е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и кај публиката“, истакна Александар Герасимовски од МММ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.