Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев и Скопје танцовиот театар деновиве ќе гостуваат на реномираниот фестивал „Верона Шекспир Фринге“.
Скопје танцовиот театар ќе настапи со претставата „Лејди Магбет“ на кореографката и професорка Рисима Рисимкин, во театарот „Камплој“ на 29 август, во 21 часот.
Ова е извонредна можност за студентите да се вклучат во професионална продукција и да гостуваат на светската уметничка сцена, со што УГД им овозможува комплетен уметнички развој и пласман на меѓународно ниво.
Во рамки на фестивалската програма на 28 август во 18 часот, на сцената на „Камплој“ театарот во Верона ќе се одржи сесија посветена на претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин, на која ќе присуствуваат уметници од фестивалската програма, режисери, менаџери и студенти на Универзитетот од Верона и истражувачкиот центар при универзитетот „Skenè Centre“.
Фестивалот има за цел да ја спои работата на истражувачите и уметниците кои ги напуштаат претходно поставените граници, да овозможи нови начини на изведба, прием и пренос на уметничките пораки, тој создава можности за публиката да доживее разновидна низа на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Во периодот на фестивалската програма, покрај размена на професионални уметнички искуства, студентите од повеќе земји кои се посветени на нови уметнички искуства, ќе имаат можности за претставување на своите дела и програми, како размена на нови уметнички енергии и дострели.
Студентите на Катедрата за современ танц при УГД активно ќе се вклучат во сите домени на фестивалската програма, кои потоа ќе можат да ги споделат со своите колеги во земјава.
Овие активности се дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“ кои започнаа на 16 август
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.