Утревечер, во рамки на празникот на градот Гевгелија „Вознесение Христово“, на покана на Општина Гевгелија и Домот на културата „Македонија“, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот, ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар.
Покрај Русески, кој е кореограф и режисер, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Ива Дамјановски, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, како и актерката Наталија Ристеска.
Претставата се препорачува за лица над 16 години возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.