Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола.

Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот.

Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал погледнете на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Фејсбук стрницата на фестивалот.

 

Вечерва (недела 11 септември) на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ 922 часот) во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.