Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа ги потврди и доказите кои испаднаа во јавноста, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал. Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари, реагираа од Министерството за култура откако организаторот на Вевчанскиот карневал кажа дека оваа година не добиле финансиска поддршка од Министерството за култрура.

Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година. Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна.

Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал. Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.

Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија. Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.