Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени.
Родителот е известен со меил дека роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ, а преписката ја испратил читател на 24инфо.мк .
Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предизборниот период кои не се конкретно наведени.
Но дури и да се наведени, останува нејасно која е таа директива која забранува организирање на претходно закажни детски родендени.
Револтот кај родителот е голем, а тој тврди дека знае за уште неколку вакви како што тој вели целосно аматерски и непрофесионални постапки на директорот Шаќири.
Во текот на денешниот ден и останати настани се откажани или е одбиена соработка од страна на директорот со истото образложение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.