Актерите од Народниот театар-Штип (НТШ) со претставата „Лекција“ утревечер во 20 часот ќе настапат на сцената на Белградски интернационален театарски фестивал (БИТЕФ) во Белград во рамките на „Месецот на независна сцена“, изјави денеска за МИА, актерот на НТШ, Милоград Ангелов. Тој истакна дека ова е голем успех за штипскиот театар, како и за невладината „Moton Network“, во чија продукција е претставата „Лекција“.

Знаеме дека БИТЕФ е еден од најголемите театарски настани коишто се случуваат во југоисточна Европа. Ова е голем успех за претставата, голем успех за штипскиот Народен театар, се надевам и дека оваа соработка нема да престане и дека оваа претстава ќе има понатаму свој живот, вели Ангелов.

Претставата „Лекција“ е во режија на Ѓорѓи Ризевски, по текст на Ежен Јонеско, а преводот е на Калиопа Петрушевска. Во неа улогите ги играат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска и Милорад Ангелов. Кореограф на претставата е Бојан Мицев, музиката е на Антонио Ристески и фотографиите на Александар Врзалски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.