Шест писатели ја добија наградата „Македонска книжевна авангарда” за книги објавени во минатата година.
Добитници на наградата се: Славица Гаџова Свидерска за книгата „Политики на стравот”, Бистра Кумбароска за книгата „Скршена, кршлива и други начини да се стане цела”, Огнен Неделковски за книгата „Ловци на лажни вести од зграда 39”, Марија Ралповска за книгата „Сенки во подземјето”, Ана Стојаноска за книгата „Лебед” и Славица Урумова Марковска за книгата „Алфа и Омега”.
Селектор на најдобрите дела беше проф. д-р Христо Петрески, а на Конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда” пристигнаа вкупно 17 објавени книжевни остварувања.
Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” од Скопје, а се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2021 година.
Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска – Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска – Станоеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.