Македонската и украинската писателка Вера Чорниј-Мешкова е лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” за 2022 година.

Наградата ја врачува Меѓународната академија за книжевност и уметност на Украина за значајниот придонес на Чорниј-Мешкова во украинската книжевност и нејзината популаризација во светот. Добитници на оваа престижна награда во изминатите години меѓу другите се и литературниот критичар и директор на Институтот за литература на НАН на Украина, Микола Жулинскиј, потоа поетот, преведувач и публицист Казимеж Бурнат од Полска, арапскиот писател и преведувач Абделвахаб Азави и други.

Поетесата и преведувач Вера Чорниј Мешкова е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Националниот сојуз на писателите на Украина. Пишува на македонски и на украински јазик. Автор е на стихозбирките „Пластови на малото сонце“, „Жолти зрна“, „Зорница“ и други книги објавени на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.