Секој петок и сабота Младински културен центар (МКЦ) ќе организира отворени предавања во Планетариум. Предавањата ќе се одржуваат во два термини и во петоците и во саботите, а истите ќе ги држат предавачите Моника Пешевска и Радан Митровиќ.

Термините се во 18 и во 20 часот.

Билетите може да се набават на билетарницата во МКЦ по цена од 150 денари.

Планетариумот е во состав на МКЦ и неговиот влез е од страната на реката Вардар.

Предавањата се организираат во согласност со препишаните протоколи за заштита од Ковид 19, па така дозволениот капацитет на лица на едно предавање е 30, а сите присутни задолжително носат заштитна маска во текот на целото предавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.