Краткометражниот аматерски филм „На колена“, во режија на Предраг Анѓеловски и продукција на Милан Богдановски од Куманово, премиерно ќе биде прикажан вечерва во Занаетчискиот дом.

Филмот е критика на денешното модерно општество, а фокусот се младите. Тој е резултат на потребата да се зборува за проблемите кои ги притискаат тинејџерите во 21-от век, и да ја претстави реалноста на младиот човек во земјава.

На филмот „На колена“ се работел една и пол година, а се снимал на повеќе локации во Куманово.

Во филмот играат: Кристијан Петковски, Валентино Цветановски, Јована Милошевска, Марија Милошевска и Бранко Стојковски.

Првата реприза на филмот ќе биде прикажан и утре вечер во истиот термин во 19.30 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.

Авторите имаат амбиции филмот да биде прикажан во кино салите, но и на ТВ екраните, а планираат да се пријават и на повеќе државни, но и меѓународни фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.