Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ.
Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантски однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за одржување вонредна седница на Претседателството на МАНУ во врска со ова прашање. Повторно потенцираме дека проблемот со недостоинствено ниските плати на овие вработени не е возможно да се реши без измени во Законот за МАНУ во делот за плати, се наведува во денешното соопштение од Синдикалната организација на МАНУ.
Доколу и понатаму се игнорира овој проблем и раководството на МАНУ итно не преземе соодветни чекори, Синдикалната организација на МАНУ најавува дека ќе одржи прес-конференција на која подетално ќе ја запознае јавноста со причините за штрајкот и за насобраното повеќегодишно незадоволство кај овие вработени, а за што и усно и писмено се запознаени членовите на МАНУ.
Првпат во 56-годишното постоење на МАНУ, членовите на Синдикалната организација на Академијата, во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици, на 9-ти февруари годинава стапија во штрајк. дма/лв/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.