Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.

Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно.

Честититки од срце!

Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.

 

Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.