Во среда, на 13 –ти април, во просториите на галеријата ART HUB во ГТЦ, втори кат, во Скопје, ќе биде отворена втората самостојна ликовна изложба на Драган Ивановски, акварели. Стоматолог по професија, а ликовен уметник по вокација, Ивановски овој пат на јавноста и се претставува со бројни дела претставени во најтешката техника во сликарството – акварелот, кој му стана предизвик и непресушен извор на креативност во творењето.

Дека сликарот не се создава туку се раѓа, доказ e „аматерскиот“ сликар Драган Ивановски, кој со својот догогодишен опус и творечки ангажман самостојно го достигнал академскиот ликовен праг. Почнувајќи од 1993 г.,активно се занимава со сликарство, па во своето портфолио запишал 7 групни изложби и една самостојна, а добил и три награди за сликарство од Културно-информатиовниот центар во Скопје.

Во оваа пригода, авторот одлучил да се претстави себе си како уметник чиј интерес и ликовен ракопис е нераскинливо поврзан и отсликан со реалистичкиот, концизен израз  на мотивот, независно дали станува збор за неговите дела кои ја отсликуваат безвременската убавина на природата, пејсажот, жената…

Неговата богата палета дава исклучителна сензибилна лирска димензија, а мотивите и начинот на ликовниот израз авторот го докажува како зрел уметник. Делата се вистински предизвик за сите сетила на посетителот.

Изложбата на Акварелите на Драган Ивановски ќе трае од 13 – 19 април 2022. Влезот е слободен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.