На 22 март 2022 година, во МКЦ, со почеток од 21 часот ќе се одржи целовечерен самостоен концерт на најдобриот руски чин во живо – „Shortparis“.

По феноменалниот настап на фестивалот „Здраво Млади“ минатата година, руските ексцентрици доаѓаат повторно во Скопје. Предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин, „Shortparis“ доаѓаат од Русија и се на добар пат да добијат меѓународно признание. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, „Shortparis“ се приближуваат се поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е.

Овој пат, со целовечерен настап во МКЦ го промовираат новиот албум „Yablonny Sad“, кој е најдобриот што го направиле досега.

Билетите по цена од 400 денари се пуштени во продажба. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.