Писателот Салман Ружди повика денеска во текот на церемонијата во црквата Свети Павле во Франкуфурт каде што е одликуван со Наградата за мир бидејќи продолжи да пишува и покрај децениите закани и насилство на безусловната одбрана за слобода на говорот и изразувањето, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Британско-американскиот писател, со индиско потекло, ја опиша денешната доба како време кога слободата на изразување е на удар од сите страни.
Во август 2022 година Ружди преживеа напад и тогаш беше избоден повеќе пати на бина во текот на литературниот фестивал во американската сојузна држава Њујорк.
Ружди планира да објави мемоари за нападат кој го остави слеп на десното око и со оштетена лева рака насловени „Нож:медитации по обидот за убиство“ кој ќе биде објавен на 16 април идната година. Тој го нарече начин „на насилството да му се одговори со уметност“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.