В понеделник, на 26 декември, во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на оргабувачот“ од светски познатата шведска авторка Астрид Линдгрен која го напиша романот „Пипи долгиот чорап“, а во режија на Јакуб Максимов од Чешка.
Во претставата играат и изведуваат музички делови Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.
Драматизација е на Горјан Милошевски. Тој вели дека ова е приказна за пријателството и за силната врска меѓу две чисти души, две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура.
Линдгрен веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, „Пипи долгиот чорап“. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. вели драматругот на претставата Милошевски.
Претставата е наменета за деца над шест години.
„Роња“ од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители, вели режисерот Маскимов.
Сценографијата, дизајнот на кукли и маски е на Олга Зјебинска од Полска која е и костимограф. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.