4 МАРТ (САБОТА), 17:00 ч.

ФАРАОНОТ, ДИВЈАКОТ И ПРИНЦЕЗАТА

(Le pharaon, le sauvage et la princesse / The Black Pharaoh, the Savage and the Princess)

Анимиран филм, Белгија / Франција

2022, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Сценарио: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Гласови: Серж Багдасаријан, Клер де ла Ру ди Кан, Оскар Лесаж, Ајша Мајга, Дидие Сандр (Serge Bagdassarian, Claire de la Rüe du Can, Oscar Lesage, Aïssa Maïga, Didier Sandre)

 

Три шарени и софистицирани анимирани приказни од Судан, од средновековна Франција и од Турција од 18 век. Нараторот во филмот ги исполнува желбите на публиката и им раскажува приказни какви што посакуваат гледачите.

Фимот на Мишел Осело беше номиниран за најдобра номинација на доделувањето на наградите „Лимиер“ во Париз, а филмот освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија.

Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

4 МАРТ (САБОТА), 19:00 ч.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

(Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly)

Игран филм, Србија / Хрватска / Бугарија / Словачка

2022, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Радивое Раша Андриќ (Radivoje Andrić)

Сценарио: Јасминка Петровиќ (Jasminka Petrović)

Улоги: Клара Хрвановиќ, Олга Одановиќ, Сњежана Синовчиќ, Жарко Лаушевиќ (Klara Hrvanović, Olga Odanović, Snježana Sinovčić, Žarko Laušević)

 

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија (Клара Хрвановиќ) сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија (Олга Одановиќ) и откачената баба-тетка Луце (Сњежана Синовчиќ).

Без своето друштво, надвор од телефонската мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големата истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна.

Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува.

Филмот на Андриќ победи на Меѓународниот филмски фестивал во Софија и на BUFF International Film Festival, а освои номинации за награди на уште неколку регионални и светски фестивали.

 

Возрасна категорија: 10 години

Влезница: 150 денари

4 МАРТ (САБОТА), 21:00 ч.

РИМИНИ

(Rimini)

Игран филм, Германија / Франција / Австрија

2022, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Улрих Зајдл  (Ulrich Seidl)

Сценарио: Урлих Зајдл, Вероника Франц  (Ulrich Seidl, Veronika Franz)

Улоги: Михаел Томас, Теса Гетлихер, Ханс-Михаел Реберг (Michael Thomas, Tessa Göttlicher, Hans-Michael Rehberg)

 

Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Зајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на една заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас.

Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп-ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки.

Ричи не е баш рекламен лик на скап ескорт-маж за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот.

Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Зајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а триумфираше на фестивалите во Хихон (Шпанија) и Палиќ (Србија).

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.