Денес во Националната Галерија ќе биде отворена Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим.
Ибрахими целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои ја претставуваат иднината на македонската ликовна уметност и култура.
На изложбата ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до денес.
Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста што се темелат врз сопствената традиција и личната историја. Креирајќи нови визуелни изразни можности, ги гради неговиот индивидуален ракопис и автентичната ликовна философија.
Ретроспективната изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам (исламски објект од средината на 15 век, поранешен амам, адаптиран во галериски простор) е сублимат на неговите претходни концепти, т.е. нивно концепциско поврзување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.