Состојбата со пандемијата во изминативе две години, растот на стриминг платформите и современиот начин на живот се предизвик и за киноприкажувачите во регионот, на кој начин да ја вратат публиката и да бидат подеднакво интересни за новите генерации.

Да учиме едни од други и да разменуваме знаење за културните разлики, да се бараат начини за едукација на младите за да се вратат во кино салите – ова се дел од пораките на првиот кино форум што се одржаа во скопски МКЦ.

Во рамките на првото издание на Синедејс синема форум во соработка со Форумот за разумни политики киноприкажувачите од Балканскиот регион  имаа можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата.

Дотрајана и амортизирана киноопрема е првиот проблем со кој со години наназад се соочуваат организаторите на филмските фестивали кај нас.  И кога се размислува како да се врати публиката во киносалите треба да бидеме свесни дека самото конципирање на репертоарот е важен сегмент, меѓутоа функционалноста на киносалите е подеднакво важна, вели програмскиот уредник на фестивалот Маргарита Арсова.

Cinedays cinema forum е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион имаа можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид различниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна.

Cinedays cinema forum е еднодневен настан на кој преку модерирани дискусии се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.