Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва ќе се одржи втората претстава во рамки на Перформанс платформа фестивал, насловена „Радикално навивање“, во режија на Зуфит Сајмон.

Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии. Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990-тите, т.н. радикално навивање комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи. Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест“, велат организаторите.

Како што посочуваат, со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.

Претставата е наменета за публика над 16 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.