Виена – Познатата „Ehrbar Saal“ во Виена синоќа исполнета до последното место и со извици „Браво“ и долги аплаузи публиката го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет.

Редот за билети беше голем уште пред почетокот на концертот, а настапот беше проследен и од локални медиумски куќи.

Концертот го следеше и министерот за култура, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, како и амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата и љубители и почитувачи на македонската култура.

Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, пред виенската публика беа изведени композиции од Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап ја збогати уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.