Американскиот универзитет на Европа ФОН (АУЕ ФОН) најавува нова соработка со „Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ)”. Како што соопштуваат од универзитетот, целта на оваа соработка е преку взаемно организирани едукативни програми, настани, турнири, младите луѓе во Македонија и регионот да добијат вистинска слика за тоа што е-спортот претставува денес.

Потенцираат дека од голема важност е младите луѓе да добијат соодветна едукација и насоки за можностите коишто ги нуди овој спорт денес. Е-спорт е индустрија којашто се повеќе расте од година во година, а со тоа и создава многу можности за понатамошни професии на младите луѓе. Една од главните цели е да се претстави разликата помеѓу рекреативното играње видео игри и професионалниот гејминг, којшто е суштината на е-спортот.

Американскиот универзитет на ЕВРОПА ФОН се трансформираше и во својата агенда постави нови постулати на работењето на оваа наша прва високообразовна институција во државава. Спојот на формалното образование, сертифицираните курсеви и тренинзи отворија широк дијапазон на нови програми за обука и дообука која ги зголемува можностите за соработката со институциите од нашата држава. Една од поваќните за нас соработки која ја започнавме неодамна е со ЕСПОРТ федерацијата, но и гејминг популацијата која и како спорт но и како култура, вредност и начин на живеење ја има кај нашите млади генерации на талентирани деца со реални вредности. Токму тука нашиот универзитет ќе помогне да даде свој придонес со својот либерален но и практичен пристап и да отвори можност овие генерации да бидат успешни во нивниот спортски дух но и во нивниот образовен развој, изјави Сефер Цаноски, претседател на Управен одбор на Американскиот универзитет на Европа ФОН

Водечките е-спорт организации денес, се составени од голем кадар на луѓе којшто овозможува организацијата да функционира на највисоко ниво. Професионалните тимови имаат свои тренери, специјалисти за маркетинг и односи со јавност, спортски менаџери, адвокати итн.

Голем број на млади луѓе во нашата држава и ширум светот мислат дека единствената опција за професионално занимавање со е-спорт е да се биде професионален играч. Нашата заедничка цел е да ги претставиме и другите можности во еспортот за започнување на професионална кариера, изјави Бобан Тотовски, претседател на МЕСФ.

Американскиот универзитет на Европа ФОН, со своето долгогодишно искуство и познавање на е-спортот, заедно со „Македонската Еспорт Федерација”, ќе развијат програма за едуцирање на младите генерации коишто сакаат својата кариера да ја насочат кон оваа индустрија, велат од униврзитетот..

Американскиот универзитет на Европа – ФОН е приватна високообразовна институција основана во 2003 година како Факултет за општествени науки. Со непрекинати инвестиции во својот развој, универзитетот се ребрендира во 2020 година во Американски универзитет на Европа-ФОН, следејќи ги светските трендови во високото образование. Сега, како водечка институција во приватното образование, нуди програми на прв и втор циклус на студии со фокус на светски стандарди и стимулирање на конкуренцијата. Постигнати се значителни успеси со преку 10 000 завршени студенти, што го потврдува неговиот ангажман за квалитетно образование и трансформација на заедницата.Мултидисциплинарниот пристап истражување-практика има стратегиска улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и адаптирање на студентите на промените во светот денес.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН останува фокусиран на трансформација на животот и заедницата преку квалитетно образование.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.