Во среда, на 24.04.2024, со почеток во 20 часот, во ЛАБОРАТОРИУМ, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“, од Јовица Ивановски.
Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.