Денеска со почеток во 19.30 часот во КСП центар Јадри ќе бидат промовирани шест книги од Стефан Симиќ.
Стефан Симиќ е млад поет, писател кој твори од почетокот на своите студентски денови. Тој пишува за хуманизмот, љубовта кон човештвото и сè она околу нас кое ја покрева целата суштина за убавината на животот. Стефан е роден на 12 февруари 1989 година во Параќин, а живее и твори во Белград од своите студентски денови каде борбата за успех и живот во поголем град е голем предизвик за него. Тој преку своите кабаре настапи, како што тој умее да ги нарече, заедно со неговата публика читатели, слушатели и обожаватели ширум сите ex-YU простори, а и пошироко, заедно емотино ги отвараат душите низ разговори од темите на животот кои се преточени во неговите дела.
Ве покануваме во КСП Центар – Јадро на промоција и презентација на неговите досега шест книги и тоа: „Након свега слобода – Почетак“, „Генерацијама које расту без поезије“, „Повратак човеку – Живети живот“, „Одјеци људског“, „Рекох и олакшах душу – моје је да кажем“ и „Пркос бесмислу – живот се наставља“, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.