Во вторник, 04. Април, 2023 година, со почеток во 12 часот – во просториите на Кинотеката ќе се одржи промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова и на Списанието „Кинопис“ бр.61.
Промотори на обете изданија на Кинотеката ќе бидат м-р Саша Станишиќ, филмски режисер и проучувач на филмот и Јане Алтипармаков, филмски режисер и автор.
На промоцијата, исто така – ќе ѝ биде доделена и ПЛАКЕТА на Илинденка Петрушева, доајен на филмската мисла и критика кај нас – по повод нејзиното прогласување за почесен уредник на списанието КИНОПИС.
Кинотеката во областа на издаваштвото, во изминатата 2022 година – реализира три печатени изданија, што е своевиден зенит во издавачката дејност на оваа институција, имајќи предвид дека досега немало случај да се реализираат повеќе од две изданија годишно, клучувајќи го редовното издавање на списанието КИНОПИС секоја година. Задоволството е уште поголемо што, од друга страна, пак – дури две од реализираните изданија се преводна стручна филмска литература – што е од особено големо значење како за Кинотеката, така и општо за стручната филмска книжнина кај нас. Изданијата се следниве:
– ИНИЦИЈАЦИЈА И ПОКАЈАНИЕ на доц. д-р Атанас Чупоски, советник-филмолог во Кинотеката; промоцијата на овој стручно-теориски филмски труд се одржа на 27 октомври, 2022 година.
– МОЈОТ ПОСЛЕДЕН ЗДИВ (превод) на Луис Буњуел, култен филмски режисер и поетичар на филмската уметност; промоцијата се одржа на 29 март, 2023 година; и
– КИНЕМАТОГРАФИЈАТА НА ДРУГАТА ЕВРОПА (превод) на Дина Јорданова, филмолог и теоретичар на филмот од Бугарија, која живее и работи во Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.