Вечерва во 18 часот во Аудио центар Болин во Градскиот трговски центар (ГТЦ) ќе се одржи промоција на новиот јубилеен, петти по ред албум FIN Project Orchestra. Со овој настан кој е насловен Sonus Faber plays FIN Project Orchestra ќе се прослави 10-годишно творештво и воедно ќе биде исклучителна можност музичкиот материјал од албумот да се доживее на посебен начин, преку врвниот звук на водечкиот бренд од светот на аудио технологијата Sonus Faber.
Како соработници или гости на проектот на авторот и продуцент Никола Стојковски се: Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски – Готра, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други.
Оркестарски аранжмани подготвија Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска, а автор и продуцент е Никола Стојковски.
Низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски, овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности.
Новиот јубилеен FIN Project Orchestra албум е своевидно заокружување на оваа прва декада од постоењето на проектот. Албумот претставува ротроспектива од досегашните музички материјали во оркестарски аранжмани на Јован Јовановски и Сенад Усеин, под моја продукција. Музиката во фузија со избрани стихови од великаните на македонската поезија Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски промовираат вредности од културата и традицијата, образованието како круциален сегмент во развојот на човештвото, слободата, еднаквоста како и љубовта и оптимизмот. Впрочем, тоа е и улогата на уметноста генерално, на свој автентичен начин да помогне, овој свет да биде поубаво и попристојно место за живот, вели Стојковски.
FIN Project најавува и следни проекти во скора иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.