Денеска, на први декември во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, во изложбениот салон Галерија ’22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип.

„Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.