Промоција на книгата „Никогаш не е доцна“ на актерката Добрила Ивановска-Чабриќ и претставите „Бракот на Марија Браун“ и „Семејство“ се денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Книгата на Ивановска – Чабриќ ќе биде промовирана денеска на пладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ивановска-Чабриќ е актерка, член на МНТ од 1945 – 1957, член на Театарот на Теразие, а се занимава и со музика.

Во официјална програма вечерва од 19 часот на сцената од Центарот, театарот „Антон Панов“ од Струмица ќе ја изведе претставата „Бракот на Марија Браун“ од Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска.

Од 22 часот на сцената во театарот „Војдан Чернодрински“ настапува ФДУ со дипломската претстава за студенти „Семејство“, во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.