На 17 март во 12 часот во Галеријата „Остен“ ќе биде отворена самостојната изложба на реномираната македонска уметница Марија Павловска.

Павловска пред македонската публика ќе се претстави со проектот „Г-ѓа и г-ца Х“, кој содржи инсталација (полиптих – серија од 32 цртежи) и видеоматеријал.

Проектот претходно беше изложен на XIII биенале во Фиренца, Италија, што се одржа од 23 до 31 октомври минатата година. Павловска на оваа престижна меѓународна уметничка манифестација гостуваше на покана од директорот на Биеналето во Фиренца, Јакопо Селона, и од Официјалниот комитет.

На отворањето, во Галеријата „Остен“ ќе биде промовирано и графичкото портфолио „Г-ѓа и г-ѓа Х“ во издание на „OСТЕН едиции“.

Павловска е уметница која од 2012 година е на уметничка резиденција во музејот „Мана Контемпорари“ во САД, а проектот „Госпоѓа и г-ѓа Х“ беше произведен и развиен во изминатите две години во ова ателје како „постреакција“, развиен по проектот „А Реакција“.

Проектот на Павловска во Галеријата „Остен“ ќе биде достапен за публиката до 30 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.