Амбасадата на Италија, во соработка со Еврејската заедница на Република Македонија, вечерва во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, организира проекција на филмот „Ѕвездено небо над римското гето“ во режија Џулио Базе на македонски јазик. Проекцијата е по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Филмот ја раскажува приказната за Софија, студентка по виолина и ќерка на меѓународно познат пијанист, која еден ден на таванот од нејзиниот дом открива потресно писмо и стара фотографија од девојчето Сара, родено во 1939, кое е Еврејка и чие семејство било брутално убиено во нацистичкиот логор Биркенау. Софија, заедно со група пријатели (двајца христијани како неа и тројца Евреи), решава да ја истражи и да ја реконструира приказната за тоа мало девојче. Откривањето на вистината ќе изнесе шокантна реалност.

В понеделник, пак, на 14 март, во 17.30 часот Амбасадата на Италија организира и онлајн средба со режисерот Џулио Базе, кој исто така во филмот се јавува и како глумец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.