Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорот на Музејот на град Штип, Митко Штерјов, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев и професори по археологија денеска ќе присуствуваат на настан по повод продолжување на ископувањата на локалитетот Билазора кај Свети Николе.

Археолошките ископувања на просторот на владетелската палата во античкиот град Билазора, престолнината на Пајонците, под раководство на професор д-р Драги Митревски и професор д-р Марјан Јованов се во тек. Овие истражување се продолжување на долгогодишни систематски истражувања.

Истовремено, се истражува и на некрополите на градот, со цел да се откријат повеќе елементи од нивното верување во задгробниот живот и нивните погребни ритуали и начин на погребување во антиката.

Раководители на овој проект се професор д-р Антонио Јакимовски и професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет Скопје, кој е носител на двата проекти и ги реализира во соработка со Народен музеј Свети Николе, а се финансиски поддржани од Филозофскиот факултет Скопје и Општина Свети Николе.

Паралелно со археолошките истражувања се вршат и конзерваторско реставраторските работи на Владетелската палата на археолошкиот локалитет Билазора во село Кнежје, Свети Николе. Носител на овој проект е НУ Музеј и завод Штип, а проектот е поддржан од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.