На третиот ден од Фестивалот на детски театар „Игор Маџиров“ ќе бидат изведени три претстави. Денеска во 11 часот на сцената на Театар Комедија ќе биде изведена детско-играната претстава „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецојевиќ, во продукција на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград. Претставата е за деца над 11 години. Играат: Младен Леро, Јелена Илиќ, Јована Цветковиќ, Јелена Чурувија Ѓурица, Дубравка Ковјаниќ и Недим Незировиќ.

Во 17 часот на сцената на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, ќе биде изведена претставата „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Ибрахим Деари. Играат: Елдин Широки, Деа Пајазити, Мумин Абдулаи, Блерим Дардишта, Илир Речи, Валдета Исмаили и Беќир Адеми.

Во терминот од 19.30 часот на сцената на Театарот за деца, ќе гостува Градскиот куклен театар од Риека. Игра Златко Вичиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.