Почитувани, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во периодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.
„Преку проектот „Домашна работа“ наша цел беше да развиеме експериментални и колаборативни форми на уметничка пракса, каде што фокусот беше насочен кон процесот и можностите што произлегуваат од тој процес. Нашата почетна точка на онлајн работилниците беше разгледувањето на дела од автори чиј главен фокус е социјалниот ангажман. Потоа го користевме ова искуство како средство за отворање на дискусија, правење паралели со личните животи, мобилизирање на идеи и иницирање акција. Младите учесници беа охрабрени да го препознаат потенцијалот што уметноста може да го има во обликувањето на нашата социјална реалност. Тие беа охрабрени да создадат и свои уметнички дела со различни достапни материјали со цел да посочат на социјалните теми и проблеми од нивната локална заедница, притоа носејќи ја уметноста на неочекувани јавни простори. Создавањето на пињати пред КСП Центар – Јадро не однесе во друга форма на учеството на публиката. Креиравме настани за дружење со соседите и случајните минувачи и заеднички изработувавме предмети потребни за изложбата. Пињатите се направени од донирани, непотребни хартии од домашни задачи кои потоа беа персонализирани со текстови, напишани и собрани од младите учесници на онлајн работилниците. Кршењето на пињатите на отворањето на изложбата ќе биде метафоричка „катарза“, симбол на личното и колективно дејствување на разбивање на несаканата реалност и „пишување“ и замислување на нова иднина со поголема емпатија, сочувство и разбирање.“ – истакнува Божурска во својот текст за целите и фазите на проектот.
Божурска го развиваше својот проект во периодот март-јули 2021 година во кој свое активно учество земаа Јана Иванова, Јована Лалчевска, Грегор Пешевски, Благица Стојанова, Ивона Здравева, Денис Денчиќ, Софија Краљевска, Исидора Божиновска и Лукас Картер.
На следниов ЛИНК можете да ја погледнете дигиталната верзија на публикацијата 👉 https://drive.google.com/…/199ej9TJ7wfS…/view…
Кршење на пињатите на вечерта на отворањето на изложбата 👉 https://fb.watch/iy3dW_gNt6/
Kратко видео од втората работилница од партиципативниот проект “Домашна работа” на Кристина Божурска 👉 https://fb.watch/iy3gJeFc3W/
Кратко виодео од првата работилница од партиципативниот проект “Домашна работа” на Кристина Божурска 👉 https://fb.watch/iy3i8DMjxZ/
——————————————-
Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор.
Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобар дипломиран студент (2007/2008), Најдобар видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.