КСП Центар Јадро во рамките на новиот проект Arts Hub, кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, започнува со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе можат на своите колеги, пред се помлади и помалку искусни, но и на заинтересираните граѓани од локалната заедница, да им ги претстават своите веќереализирани  проекти и да ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори од публиката, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во  освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност

Серијата напрезентации ја започнуваме со презентацијата на проектот „Добро. Подобро, чисто!„ на ЛидијаПајевиќ и Крунислав Стојановски.

Добро.подобро.ЧИСТО!” е едукативно-уметнички проект кој се реализираше во рамките на проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“. Проектот има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените предизвици со кои се соочуваме денес.

Преку креативна употреба на фотографскиот медиум и арт – терапија проектот ги охрабрува учесниците не само да го набљудуваат светот околу себе, туку и да култивираат однос на самоистражување заради јакнење на чувството на лична моќ.

Вака осмислен, проектот се реализираше во периодот септември – октомври 2022 преку провеќе активности: фотографирање во екстериер, работилница за цијанотипии, работилница со арт терапија и изложби. Активностите ги спроведуваа Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во соработка со гиманзиите “Никола Карев” и “Јосип Броз Тито”.

Проектот Arts Hub е место за  спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат  да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. На овој начин учесниците  ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.

Главна цел  на проектот  е да се  мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и  како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес  да создадат свои  партиципативни проекти  преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални  и политички теми и проблеми.

Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и  јавноста  преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите;  мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството  ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи  во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.