Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија годинава ќе се најдат на 11-дневниот Драмски театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Како што соопшти директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски и годинава на публиката ќе ѝ бидат понудени квалитетни претстави од театарите од Македонија и регонот.

 

 

Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Театар Велес со претставата „Синиот портокал“ на 27ми септември со почеток во 20 часот.

Вкупно 10 претстави ќе влезат во трката за награди за кои ќе одлучува специјално жири, додека 11та претстава што ќе го затвори фестивалот на 15 октомври е „Обвинителка“ и таа ќе биде надвор од конкуренција за награди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.