Skip to main content

Претставите „Гидионовиот јазол“ на Драмски и „Добри луѓе“ на „Златен Елец“ и пијано рецитал вечерва на Скопско лето

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, вечер во Драмскиот театар ќе се одржи театарската претстава „Гидионовиот јазол“, додека на програмата во Младинскиот културен центар ќе биде претставата „Добри луѓе“. Во Музеј на македонската борба за самостојност пак, ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска.

Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е работена по текст на авторска Џона Адамс. Улогите ги играат актерите Биљана Драгиќевиќ Пројкоска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“.

Како што најавија од фестивалот, во Младинскиот културен центар ќе се одигра театарската претстава „Добри луѓе“, која е во продукција на Театар „Златен Елец“ Скопје. Играат Тијана Трајчевска и Филип Христовски.

Вечерва во Музеј на македонската борба за самостојност ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска.
На програмата ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Шуберт, Лист, Чајковски, Володос, С. Рахмањинов и А. Скријабин.
Како што соопштија организаторите, билетите ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.

Поврзани вести