Денес и утре во МКЦ ќе се одржат две изведби на театарската претстава „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, во режија на Борис Василески.

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.“

Играат:

Марјан Наумов

Томислав Давидовски

Мартин Манев

Тања Кочовска

 

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и оналјн преку www.bileti.mkc.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.