Претставата „Умри машки“ го отвори првиот Меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија

Култура 28.07.2022 / 9:34

Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри.

Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, нагласувајќи дека Општината ги поддржува ваквите и слични настани кои го подигнуваат животот во Демир Капија на едно повисоко ниво.

Тој рече дека шест децении, колку што всушност и постои демиркапискиот театар, се сонувало за една ваква манифестација и конечно сонот се остварува.

Претставата ,,Умри машки” во режија на Томе Атанасов, доби награда на два фестивала. Актерката Кристина Николовска беше наградена за најдобра главна женска улога.
Фестивалот што ќе трае неколку дена, го сочинуваат осум театарски претстави, ќе се претстават театри од земјава и странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş