Во емисијата „10 Минути“ гостуваше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која говореше околу кратењето на буџетот на Министерството за култура.

Според министерката, причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати на вработените во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството.

Според неа, енормно се зголемени платите во културата.

Точно е дека енормно се зголемени платите во секторот култура, јас би можела и со некои цифри како пример… Од 2017 година до 2018 година пр. библиотекар советник за континуирано стручно образование од нето плата 23.369 денари, сега со новиот колективен договор и со овој ребаланс кој што се направи за тие плати да се одржат, е 49.158 денари, вели Министерката Костадиновска – Стојчевска.

Таа додава дека јавната администрација не подлежи под овој колективен договор, но се прават напори и тие да добијат еден вид бенефит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.