Со претставата „Тоби“ во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје, денеска во Прилеп ќе започне четвртото издание на театарскиот фестивал за театар и деца „Силјан штркот“. Во четирите фестивалски дена ќе бидат изведени и претставите „Рибарот и рипката“ од „Театар Колозов“, „Јованче и Марика“ од „Театар Баец“ од Битола, ќе се промовира драмска литература за деца, а фестивалот ќе го затвори екипата на „Дајте музика“.
Фестивалот „Силјан Штркот“ е основан во 2019 година, а една година паузираше поради ковид-пандемијата. Основан е група ентузијасти актери од Прилеп, поради потребата од едукација на театарска публика од најрана возраст. Претседател на фестивалот е Ангела Наумоска. Сместен е во деновите пред фестивалот „Војдан Чернодрински“, како предвесник на тоа случување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.