Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва со почеток во 20 часот ќе се одигра на сцената на Драмски тетар.
Автор и режија: Коле Ангеловски, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Раде Василев,
музика: Кокан Димушевски.
Улоги: СТЕФАН ВУЈИСИЌ, МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА, БЛАГОЈ ЧОРЕВСКИ, ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ, МАРИЈА КОНДОВСКА, АНАСТАС ТАНОВСКИ, КАЛИНА НАУМОВСКА, БЛАГИЦА ДИМИТРОВСКА, СИМОН МАНАСКОВСКИ.
Инспициент: Жарко Намичев, суфлер: Жаклина Цветковска
Чудна комедија со среќен крај.
Птицата е симбол на слобода. Може да лета каде сака, за неа не постојат граници, не постојат ограничувања, но, ако главата и е меѓу нозе, ќе лета, ама ниско.
Кратка содржина:
Климент, млад доктор, бил на специјализација во странство. Таму се запознал со една девојка, која студирала Славистика и го зборува Македонскиот јазик. Никогаш не била во Македонија и би сакал преа да ја види таа земја, за која што толку многу слушала. Климент ја поканува да дојде, да ги види убавините на земјата, да ги запознае луѓето, традицијата, историјата…Девојката прифаќа. Климент пресреќен, за да ја дочека како треба, од Евдокија, инаку стара мома, изнајмува куќа, во стилот на старите Македонски куќи од почетокот на 20 век, како што се куќите во Охрид или Крушево. Ангажира двајца глумци, сега пензионери, Филимен и Иконија да бидат негови родители, се договара со Никифор, постар шеф-готвач кој порано работел во врвни хотели, а сега се бави со кетеринг, да биде негов слуга. На почетокот, глумците и шефот се збунети, но откако Климент им објаснува какви се нивните задачи и што треба да прават, со радост прифаќаат. Прават проби и со нетрпение ја очекуваат девојката. Звонче на вратата и..паника, можеби е девојката.. сите се на своите места, влезени во своите улоги, Никифор ја отвора вратата, а таму двајца типови, облечени во бели скафандери, со маски на лицето, го бараат Климент, кој на своите акери им објснува дека мора итно да замине, но ако случајно, во меѓу време, додека не се врати, девојката дојде, да прават се како што се договориле. Климент со типовите во скафандери заминува. И сега што? Збунети и загрижени актериве не знаат што да прават, плус времето се стуштува. Надвор се потготвува бура…Молњи..почнува да врне, снемува струја, а на телефоните немаат мрежа..За да ги расположи, Никифор принесува разни мезиња, пијачка и полека атмосверата се разведрува..
И што ќе се случува понатаму, дојдете во Драмски да ја видите претставата кога условите ќе дозволат.
Птица со главата меѓу нозе, не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема брканици, смешни карактери, ова е приказна за она што ни се случува денес во Македонија, од пандемија, од социјала, од политика..Приказни за тоа како било, а како е денес. За тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни ситуации, а сето тоа погледано од еден позитивен и комичен агол.
Ова е актерска претстава, ќе играат постарите актери на Драмски, врвни мајстори на овој жарн. Начинот на играње по Станиславски, со се она, кој сум, што сум, биографија, вистински односи, ама откачено и со дистанца..А тоа мислам дека многу добро го правиме.
Шест машки улоги, четири женски.
Сценогравски просторот преставува салон на старата куќа со се она што има во тој тип на куќи, од мебел, реквизита, реалистично и автентично..Да мириса на темјан и дуњи. Но во текот на претставата куќата се смалува, работите исчезнуваат…Некаква тежина притиска одозгора. Мрак, молњи дожд..
Светлото е многу важна компонента за целокупната армосвера.
Костимите, во првиот дел, реалистични, денешни, во вториот дел ликовите како да доаѓаат од некоја драма на Чехов, бели и од тоа време.
Дваесетина костими.
Музиката ( компонирана) треба да ја надополнува атмосверата на претставата
И на крај, науката, а може и Господ, да придонесат повтрно да имаме нормална ситуација, да се победи вирусот, луѓето да бидат здрави и безбедни и публиката да се врати во театарот, па сите заедно да се радуваме на полните салони.Со надеж дека оваа претстава ќе се рализира пријателски ве поздравувам. (Коле Ангеловски)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.