Вечерва во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Пациенти“ на Театар Провокација од Скопје, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.

 

Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува и своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.